Реал Мадрид може да одигра пријателски натпревар против Ал-Наср, пренесува арапскиот новинар Сауд Ал-Сарами.
Според новинарот, шпанскиот фудбалски великан го покани Ал-Наср да игра на реновираниот стадион „Сантијаго Бернабеу“ во чест на завршувањето на реконструкцијата на стадионот, што треба да се случи на крајот на оваа или почетокот на следната година.
Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, настапува за Ал-Наср од јануари минатата година. Португалецот играше за Лос Бланкос од 2009 до 2018 година и стана најдобар стрелец во историјата на тимот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.