Поранешниот напаѓач на бразилската репрезентација, Ромарио, во интервју за бразилски медиум изјави дека само двајца фудбалери во историјата се подобри од него.
Ромарио смета дека тоа се покојниот Аргентинец Диего Армандо Марадона и Бразилецот Пеле.
За Кристијано Роналдо и Лионел Меси, кои ги соборија сите можни фудбалски рекорди во последните 15 години, Ромарио вели дека се рамноправни со него.
Ромарио како рамноправни ги издвои и сонародниците Роналдо и Роналдињо, а смета дека е подобар од играчи како Нејмар, Адријано, Бебето, Луис Суарез, Ривалдо, Халанд, Мбапе и Зико.
Ромарио го освои Светското првенство, откако го предводеше Бразил во 1994 година до титулата на Мундијалот во Соединетите Американски Држави. Едно време беше прогласен за најдобар играч на светот. Две сезони помина во Барселона, а играше и за Васко де Гама, ПСВ, Фламенго, Валенсија, Флуминенсе, Ал Сауд, Мајами и Америка.
Тој постигна повеќе од 700 гола во својата кариера и е еден од ретките што постигнал најмалку 100 гола за три различни клубови (Васко, ПСВ и Фламенго).
По играчката кариера Ромарио влезе во политиката, а до овој февруари беше потпретседател на бразилскиот Сенат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.