Младата репрезентација на Македонија до 17 години сосема заслужено успеа да оствари минимална победа над соодветната селекција на Романија во рамките на втората контролна средба одиграна помеѓу овие две селекции во Скопје.

На тренинг центарот „Петар Милошевски” избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ во еден неизвесен натпревар, со многу борба и пожртвувана игра успеаа да извојуваат минимална победа од 1:0.

Никола Стојковски беше стрелец на единствениот погодок, во 65. минута.

Нашите млади фудбалери беа подобар противник во текот на сите 90. минута. Имавме неколку одлични нереализирани можности за погодок преку Манојлов, Алији и Незири.

Македонија: Амар Хаџибулиќ, Анес Мељиќи, Андреј Велков, Андреј Љубевски, Мартин Јовановиќ, Максимилијан Димитриевски, Милот Синани, Никола Манојлов, Давид Матески, Алтин Алији

Селектор: Вујадин Станојковиќ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.