Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем повеќе не чувствува болка во зглобот, пренесува „Diario AS“.

Се очекува во многу скоро време да стане јасно дали фудбалерот ќе може да учествува на натпреварот против Валенсија во шпанското првенство, кој ќе се одигра на 2 март.

Шпанските медиуми објавија дека 20-годишниот Англичанец со голема веројатност ќе го започне натпреварот против Лајпциг во Лигата на шампионите.

Оваа сезона фудбалерот постигна 16 гола и е најдобар стрелец на турнирот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.