Кошаркарот на НБА тимот, Лос Анџелес клиперс, Расел Вестбрук, му се придружи на американскиот конзорциум „49ers Enterprises“, кој во јуни се здоби со контролен пакет акции во фудбалскиот клуб Лидс.

Триесет и четиригодишниот кошаркар веста ја соопшти на спортско-забавен самит. Кога точно Вестбрук официјално вложил и колкава е акцијата сѐ уште не се знае.

„49ers Enterprises“ купи мнозински удел во клубот од поранешниот сопственик Андреа Радрицани. Конзорциумот плати околу 213 милиони за 56 отсто од акциите во Лидс. Клубот ја напушти Премиер лигата на крајот на минатата сезона.

Летово Вестбрук потпиша нов двегодишен договор со Клиперс вреден осум милиони долари.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.