Тренерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник зборуваше за трансфер стратегијата на клубот.

– Треба да имате јасна трансфер стратегија, да потпишете играчи кои се вклопуваат во системот. И Ливерпул и Сити го прават тоа во последните 5-6 години. Ако се погледне нивната трансфер политика и успешните набавки, може да се каже дека немаа многу неуспешни трансфери.

Манчестер јунајтед има идентитет, ние мора да одиме по својот пат. Но, професионалниот фудбал е прилично едноставен. Треба да разберете како сакате да играте, каква игра сакаат да гледаат навивачите и секогаш бил атрактивен, напаѓачки, активен фудбал што забавува. Дополнително, ни треба најдобриот можен тренер, како и стручен штаб кој може да развива играчи, изјави Рангник за „Телеграф“.

Денес Манчестер јунајтед ќе игра со Манчестер сити во Премиер лигата со почеток во 17:30 часот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.