Извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Омар Берада изјави дека менаџерот на тимот Ерик тен Хаг ја има целосната поддршка од раководството и рече дека е оптимист за долгорочниот развој и успех на тимот во Англија и Европа.
Јунајтед минатата сезона заврши на осмото место во Премиер лигата, а загубија со 3:0 на домашен терен од Ливерпул во натпреварот изминатиов викенд, откако веќе загубија два од трите во Премиер лигата. Тимот го зазема 14-то место.
-Ерик ја има нашата целосна поддршка. Мислиме дека тој е вистинскиот тренер за нас. Работевме заедно во преодниот рок и ќе продолжиме да работиме за да му помогнеме да постигне најдобри резултати со тимот, прокоментира Берада.
Последната титула за Јунајтед е во 2013 година во последната сезона на Алекс Фергусон.
-Не сакаме само да ја освоиме Премиер лигата и да бидеме задоволни со тоа. Сакаме да создадеме тим кој е способен да се бори во Лигата на шампионите, за трофеи во Англија и да биде стабилен. Оптимист сум за тоа што ни претстои. Мислам дека почнуваме да ја склопуваме сложувалката и целосно сум убеден дека ќе успееме, заклучи Омар Берада
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.