Хајдук на титулата чека од 2005 година а во клубот доаѓа еден од најдобрите хрватски играчи на сите времиња – Иван Ракитиќ.
Славниот 36-годишен фудбалер го напушти договорот од 15 милиони евра во Саудиска Арабија за да пристигне во Сплит. Наместо тоа, во Сплит ќе заработува 600.000 евра годишно.
Навивачите на Хајдук му приредија спектакуларен пречек пред стадионот Пољуд, скандирајќи „сакаме титула“
Хајдук сериозно се зафати да создаде тим кој конечно треба да ја освои титулата. За селектор беше доведен Џенаро Гатузо, а претходно беа донесени и некои други искусни хрватски репрезентативци како Иван Перишиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.