Хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ од денеска и официјално е нов член на Ал Шабаб, потпишувајќи со саудискиот прволигаш договор до јуни 2025 година.
Поранешниот хрватски репрезентативец се пресели во Саудиска Арабија по 13 сезони минати во шпанското првенство.
Ракитиќ од 2011 година настапуваше за Севиља со која три години подоцна ја освои Лига Европа, по што се пресели во Барселона и ја освои Лигата на шампиони во 2015. По враќањето во Севиља во 2020 со клубот од Андалузија лани освои уште еден трофеј во Лига Европа.
„Севиља му се заблагодарува на Иван Ракитиќ, еден од најважните играчи во својата историја, на вложениот труд и посветеноста сите овие години, и му посакува многу успех во иднина“, соопшти долгогодишниот клуб на Ракитиќ.
Ракитиќ со 323 настапи е странски фудбалер со најмногу настапи во историјата на Севиља
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.