Напаѓачот на Барселона, Рафиња постигна „хет-трик“ во вчерашната убедлива победа од 7-0 против Ваљадолид во Ла Лига. Одделно, направи и две асистенции, со кои веќе има три гола и четири асистенции во само четири кола.
-Ова е првиот „хет-трик“ во мојот живот. Се чувствувам добро бидејќи по враќањето од одмор напорно работев на тренинзите. Знаев дека оваа сезона ќе биде важна за мене. Многу сум среќен, прокоментира Рафиња по успехот на „Монтјуик“.
Според него, денешниот натпревар покажал дека на Барселона не и требаат нови играчи.
-Ние сме во силна форма и тоа се покажува на теренот, бидејќи резултатот кажува многу. И самиот сум уверен во моите квалитети, додаде Рафиња
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.