Рускиот претседател Владимир Путин го изрази своето сочувство до бразилскиот народ по повод смртта на фудбалската легенда Пеле, нарекувајќи го „извонреден човек и славен син на бразилскиот народ“, соопшти денеска Кремљ.

„Благодарение на неговиот талент, неговите уникатни вештини, неговата фасцинантно убава игра, фудбалот стана омилена игра на милиони луѓе ширум светот, вклучувајќи ја и Русија“, напиша Путин во телеграмата со сочувство до бразилскиот претседател во заминување Жаир Болсонаро.

„Имав задоволство лично да комуницирам со овој извонреден човек и секогаш ќе се сеќавам на него“, додаде Путин.

Пеле почина вчера во болницата во Сао Паоло на 82-годишна возраст.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.