Турскиот прволигаш Адана Демирспор е победник на хуманитарниот турнир во Салерно, кој го одбележа масовна тепачка меѓу фудбалерите на турскиот клуб и италијанскиот домаќин Салернитана.

Турнирот „Анџело Лерволино“ беше организиран во спомен на покојниот брат на претседателот на Салернитана, а целиот приход беше наменет во хуманитарни цели.

На трибините на стадионот „Ареки“ се собраа околу 6.000 гледачи да ги проследат натпреварите во скратена програма по 45 минути меѓу италијанските екипи Салернитана и Реџина, и турската Адана.

Во првиот натпревар Реџина ја совлада Адана со 1-0, а вистински хаос се случи на вториот натпревар меѓу турската екипа и Салернитана.

Инцидентите почнаа откако турскиот дефанзивец Самет Акајдин беше исклучен поради намерно удирање на Холанѓанецот Ред Боулт, по што на теренот дојде до масовна тепачка.

Двете екипи натпреварот го завршија со по девет фудбалери, а на крајот Адана победи со 3-1.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.