Разбојници со качулка упаднале во куќата на Џастин Клајверт во Валенсија, каде ја претепале неговата девојка.
Инцидентот се случил додека фудбалерот бил на натпревар. Девојката на Клајверт се враќала од прошетка со кучето, кога во куќата затекнала група разбојници кои веднаш скокнале и ја нападнале. Ја претепале и продолжиле со грабежот.
Алармот во куќата не бил вклучен, поради што девојката не можела да знае за упадот. Се претпоставува дека тројцата крадци во куќата влегле преку градината.
Девојката на Клајверт дала изјава во полиција, велејќи дека разбојниците носеле качулки и дека еден од нив зборувал со тежок англиски акцент. Според полицискиот извештај, од домот на Клајверт биле земени вредни часовници, накит и облека 200.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.