Повеќе од 40 вработени во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и надворешни соработници, вклучувајќи го и селекторот на сениорската репрезентација Благоја Милевски даруваа денеска крв во рамки на акцијата „Највредниот подарок. Капка полна живот“.

Како што е соопштено, во рамки на акцијата која во соработка ја организираа ФФМ, Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина собрани се вкупно 32 крвни единици.

ФФМ посочи дека учеството во крводарителската акција е дел од заложбата за хуманост која е цел и ориентација на сите вработени во Федерацијата.

-Доброволното крводарителство станува дел од традицијата на ФФМ како доказ за социјално – етичкиот концепт и одговорност, порачува македонската Куќа на фудбалот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.