Португалецот Рубен Аморим првиот меч на клупата на Манчестер јунајтед ќе го има на 24 ноември против Ипсвич.
Тренерот на Спортинг и раководството на премиерлигашот од „Олд Трафорд“ денес постигнаа целосен договор за условите за соработка објави денес „The Telegraph“.
Спортинг ќе добие отштета од 10 милиони евра.
Привремениот тренер на Манчестер сити, Руд ван Нистелрој ќе го води тимот на натпреварите против Челзи, ПАОК и Лестер. Аморим ќе работи за Спртинг уште три натпревари, вклучувајќи го и натпреварот против Манчестер сити во Лигата на шампионите.
Се очекува денеска Спортинг да објави за договорот со Манчестер јунајтед. Аморим ќе потпише договор на две и пол години со опција за продолжување на уште една година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.