Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, дозна за своето потекло откако направил ДНК тест.

Пред квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026 против Уругвај (1:1), на напаѓачот на Бразил му беше врачен докумнет на кој пишува дека има камерунски корени.

Врз основа на информациите во текстот, Винисиус потекнува од племето Тикар, кое живее на северозапад од Камерун.

Претходно се дозна дека платформата Нетфликс ќе сними филм за напаѓачот на Реал Мадрид, кој ќе го прикажува животот и кариерата на 24-годишниот Бразилец. Филмот ќе биде објавен во 2025 година



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.