24-годишната ѕвезда на мароканската репрезентација и играч на француски ПСЖ Ашраф Хакими е во брак со Хиба Абук, која е 12 години постара од него, за која странските медиуми пишуваат дека е „најубавата актерка на светот“. Парот има два сина, а фудбалерот стана татко на само 22 години.
Неговата сопруга е шпанско-туниска актерка, која исто така има либиски корени, а популарноста ја стекна поради главната улога во телевизиската серија „Ел Принцип“.
Хакими го воодушеви целиот свет кога по победата над Шпанија го прослави својот успех трчајќи во прегратките на својата мајка која го бодреше од трибините.
“Мајка ми беше чистачка, а татко ми работеше како уличен продавач. Ние бевме скромно семејство кое се бореше да преживее. Денеска секој ден се борам за нив. Тие се жртвуваа за мене. Многу ги негираа моите браќа за да успеам откри фудбалерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.