Поранешниот марокански фудбалски репрезентативец Абделазиз Барада почина на 35-годишна возраст, јави денеска Би-Би-Си.
Причината за смртта официјално не е позната, а мароканските медиуми објавија дека Барада доживеал срцев удар.
Мароканската федерација изрази сочувство на социјалните мрежи, опишувајќи ја неговата смрт како „голема трагедија и голема загуба“.
Роден во Франција, поранешниот марокански репрезентативец ја почна кариерата во вториот тим на ПСЖ по што настапуваше за повеќе екипи во Шпанија, Турција, Франција, ОАЕ и Катар.
Кариерата ја заврши во 2021 година во францускиот нисколигаш.
За мароканската репрезентација Барада одигра 26 натпревари и настапи на Олимписките игри во Лондон 2012 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.