Тренерот на Пари Сен-Жермен, Маурисио Покетино смета дека навивачите неправедно ги навредуваат Нејмар и Лионел Меси за испаѓање од Лигата на шампионите.

– Не е фер. Сите го заслужуваме гневот на навивачите, не само Меси и Нејмар. Ние сме тим и тие се двајцата најдобри играчи на планетата. Затоа, тие мора да се почитуваат. Тие му служат на тимот. Целиот тим секогаш губи и победува, а не поединци. Никој не го сака овој тон и тоа ме растажува, изјави Покетино за „Le10sport“.

Да потсетиме, ПСЖ загуби со вкупни 2:3 од Реал Мадрид во двата меча од 1/8 финалето на Лигата на шампионите и го заврши настапот на турнирот.

Во текот на вчерашниот меч со Бордо, навивачите на ПСЖ ги исвиркаа Меси и Нејмар, сметајќи ги за најголеми виновници за неуспехот на тимот во пресметката со Реал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.