Неодамна отпуштен од Челси, Маурисио Покетино призна дека е подготвен повторно да започне со работа што е можно поскоро. Тој е склон да слуша предлози и чека нов предизвик.

-Полн сум со енергија и мислам дека добро ја завршивме сезоната. Сега чекам да видам што ќе се случи. Во фудбалот никогаш не се знае што ќе се случи – денес нема ништо, а утре може да има друга можност. Подготвен сум да  слушам понуди, призна Покетино.

Во последните денови низ англиските медиуми кружат информации за средба на аргентинскиот стручњак и шефот на Манчестер Јунајтед, Сер Џим Ретклиф.

Сепак, во моментов тоа не е потврдено и нема ништо конкретно околу негова преселба на „Олд Трафорд



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.