Фудбалерот на Баерн, Хари Кејн постигна четири гола синоќа на натпреварот против Динамо Загреб во 1. коло од Лигата на шампионите.

Баварците славеа победа со 9:2, три од четирите гола Кејн ги постигна од пенал.

Кејн стана првиот автор на „покер“ од Англија по 33 години. Претходно, Англичанецот Алан Смит постигна четири гола на натпревар во елитното фудбалско натпреварување во 1991 година.

Воедно, Кејн го престигна Вејн Руни за најмногу голови во Лигата на шампионите/Европскиот куп меѓу англиските фудбалери. Триесет е едногодишниот играч е најдобар играч во Англија во Лигата на шампионите со 33 гола, Руни застана на 30 погодоци



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.