Поранешниот италијански репрезентативец Џанлука Вијали, кој со Сампдорија ја освои титулата во Серија А во сезоната 1991/92, последните години работеше во стручниот штаб на италијанскиот тренер Роберто Манчини.

Пред тоа беше менаџер на Челзи и Ватфорд, а во 2017 година му беше дијагностициран рак на панкреасот.

По тригодишно лекување, Вијали ја доби битката, но за жал ситуацијата повторно се влоши.

Лекарите сега го советувале целосно да се фокусира на новите третмани и да престане со професионалните обврски.

Неговата мајка Тереза ​​ја напуштила Кремона и се упатила во Англија, каде што е Виали со своето семејство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.