Фудбалерите на третолигашот Сарбрикен приредија невидена сензација за Германија. Тие го совладаа тимот на Баерн Минхен со резултат 2:1 (1:1) во натпреварот од осминафиналето на Купот на Германија.

Головите за домашната екипа ги постигнаа Патрик Сонтхајмер во 45. минута и Марсел Гаус во шестата минута од судиското надополнување. Единствен стрелец за Баерн беше Томас Милер во 16. минута.

Очекувано по натпреварот владееше општа еуфорија во редовите на овој  третолигаш.

На крајот од натпреварот, воодушевените навивачи истрчаа на теренот за да ја прослават најголемата победа во историјата на клубот со своите играчи.

Еуфоријата го зафати и тренерот на Сарбрикен, Ридигер Зиелх, кој по натпреварот „нареди“  играчите да се опуштат и да го прослават овој  успех.

„После ова, момчињата заслужуваат да слават. Ако не славиш после ова, тогаш никогаш нема. , рече воодушевениот Зиел“.

Калогеро Ризуто, фудбалер на Сарбрикен призна дека никогаш во животот не се чувствувал толку добро.

“Колку тимови успеваат да го победат Баерн? Ова е најдобрата ноќ во мојот живот. Не можам да верувам што постигнавме, вечерва дефинитивно нема да има сон”, изјави дефанзивецот по натпреварот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.