Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, по потписот со Немања Босанчиќ, промовира уште едно засилување пред продолжение на сезоната, а тоа е Рушту Јонус.

Јонус има 22 години и игра на позицијата централен фудбалер за врска, а во скопскиот тим доаѓа од редовите на Гостивар.

Младиот фудбалер во досегашниот дел од кариерата има настапувано и за Работнички, Пехчево и Охрид Лихнидос.

Вардар по четири одиграни кола има само три освоени бодови и се наоѓа на делбата на последната позиција со Брера Струмица



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.