Милан од следната сезона ќе има нов тренер. Италијанските медиуми наголемо пишуваат дека Пиоли нема да ја води екипата во следниот шампионат, и дека раководството веќе работи на отказот, кој би можел да го добие и пред завршувањето на сезоната.

Ова стана јасно откако Пиоли не успеа да го внесе тимот во полуфиналето на Лигата на Европа, а имаше неуспешна сезона и во Серија „А“, односно не дојде до титулата, која патува во другиот дел на Милано, во рацете на Интер.

Пиоли од 2019 година е тренер на Милан, и најголем успех му е титулата во сезоната 2021/22. Истата сезона ја освои наградата тренер на сезоната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.