Напаѓачот на Ал-Наср и Португалија, Кристијано Роналдо ги именуваше своите фаворити за „Златната топка“ во наредните сезони.
Триесет и девет годишниот Португалец ги сподели своите размислувања во разговор со поранешниот соиграч од Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд на неговиот канал на Јутјуб.
-Мбапе би можел да ја освои „Златната топка“ во следните неколку години. Веројатно Халанд и Белингем исто така. Ламине Јамал исто, рече Роналдо.
Роналдо е петкратен добитник на „Златната топка“. По бројот на награди, пред него е само напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси, кој има рекордни осум Златни топки.
„Франс Фудбал“ на 4 септември објави листа од 30 номинирани за „Златната топка“ за сезоната 2023/24, а за прв пат од 2003 година ги нема двајцата великани на модерниот фудбал – Роналдо и Меси
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.