Турскиот репрезентативец Арда Ѓулер постигна гол на вчерашниот натпревар со Грузија (3:1) на Европското фудбалско првенство 2024.
Играчот од средниот ред на Реал Мадрид во листата на стрелците се запиша со 19 години и 114 дена и стана најмладиот турски играч кој постигнал гол на Европско или Светско првенство.
Ѓулер го надмина и постигнувањето на Португалецот Кристијано Роналдо, кој претходно беше најмладиот стрелец на гол во дебитантскиот натпревар на ЕП.
Воедно, Ѓулер го постигна вториот гол во својот 8-ми натпревар за турската репрезентација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.