Фудбалерот од средниот ред Иван Перишиќ го раскина договорот со Хајдук поради конфликт со тренерот Џенаро Гатузо, пренесува Мундо Депортиво.

Фудбалерот бил суспендиран од тренинзите со тимот на неопределено време.

Претходно беше објавено дека тренерот на Барселона, Ханс Флик го поканил играчот да се приклучи на тимот како слободен агент.

Хрватот претходно играше за Интер, Баерн, Тотенхем и други клубови.

Сезонава одигра четири натпревари за Хајдук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.