Еден од најдобрите светски голмани Џанлуиџи Донарума и неговата сопруга биле мета на провалници кои од нивниот дом во Париз украле пари и предмети вредни 500.000 евра. Неколку напаѓачи упаднале во нивната куќа во центарот на Париз.

.Донарума и Алесија успеале да побегнат и да стигнат до блискиот хотел чиј персонал повикал полиција. Според извештаите од Франција, голманот е полесно повреден, додека неговата сопруга Алесија Елефанте е неповредена. Непотврдени информации велат дека е украдена стока вредна половина милион евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.