Унгарскиот премиер Виктор Орбан оцени дека Светското првенство во Катар е не само спектакуларно, туку и возбудливо, и притоа ја поздрави идејата различните култури да се натпреваруваат според исти правила во еден ист спорт.
Орбан, како што јавија унгарските медиуми, во Лусаил во друштво на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, го следел од трибините првиот полуфинален натпревар меѓу Хрватска и Аргентина.
Унгарскиот премиер истакна дека Катар потрошил многу пари за да го нагости целиот свет и притоа го пофали начинот на кој е организиран Мундијалот 2022.
Притоа, Орбан ја истакнал важноста од одржување на Светското првенство во арапска земја.
Ако сте во Рим, однесувајте се како римјанин. Добро е што од гостите се очекува почитување на локалните обичаи и начин на размислување. Тоа беше важно во контекст на фудбалот како игра и во смисла на поинаков поглед на животот“, изјави Орбан пред катарските новинари во Доха
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.