Тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг, ќе го преземе Манчестер Јунајтед претстојното лето, објави премиерлигашот на клупскиот сајт.

Педесет и двегодишниот Холанѓанец потпиша договор до летото 2025 година со можност за продолжување на уште една сезона.

Тен Хаг ќе го преземе Манчестер јунајтед на крајот од сезоната, под услов да добие работна виза.

– Во текот на изминатите четири години во Ајакс, Ерик се етаблира како еден од најуспешните менаџери во Европа, познат по ангажираниот, офанзивен фудбал на неговиот тим и посветеноста на младите играчи. Му посакуваме многу среќа на Ерик, бидејќи е фокусиран на успешна сезона со Ајакс и со нетрпение очекуваме да му посакаме добредојде во Манчестер јунајтед ова лето“, изјави спортскиот директор на „црвените ѓаволи“ Џон Муртау.

Тен Хаг е на чело на Ајакс од декември 2017 година. Под негово водство, тимот на Амстердам двапати стана шампион на Холандија и победник на националниот куп.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.