Поранешниот камерунски репрезентативец и играч за врска на ПСЖ, Модесте М’бами почина на 40-годишна возраста од срцев удар, соопшти синоќа раководството на француската лига.
М’бами настапуваше за неколку француски екипи, вклучувајќи ги ПСЖ и Олимпик Марсеј. Со ПСЖ освои две титули во францускиот куп во 2004 и 2006 година.
Настапуваше и во Шпанија, Кина и Саудиска Арабија пред да стави крај на фудбалската кариера во 2016 година.
М’бами постигна три голови на 37 настапи за репрезентацијата на Камерун, со која го освои златниот медал на Олимписките игри 2000 во Сиднеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.