Додека фудбалерот на Манчестер сити, Џек Грилиш го играше натпреварот против Евертон во средата во Ливерпул, непознати лица упаднале во негов дом и украле вредни предмети, јавија денеска британските медиуми.
Полицијата, како што наведе Би-Би-Си, била повикана во вечерта околу 21:50 часот, а потрагата по крадците сè уште трае.
Весникот Сан објави дека од домот на англискиот репрезентативец Грилиш биле украдени часовници и накит во вредност од околу еден милион фунти.
Грилиш го одигра целиот натпревар во средата во Ливерпул на кој Манчестер сити го совлада Евертон
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.