Менаџерот на Њукасл, Еди Хауи ги демантираше гласините дека неговиот клуб би можел да го ангажира напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо.

Претходно беше објавено дека Њукасл би можел да го изнајмат 37-годишниот Португалец на лето доколку тимот се пласира во Лигата на шампионите на крајот од сезоната 2022/23.

– Му посакуваме среќа на Кристијано на неговото ново патување, нема вистина во овие гласини, изјави Хауи, цитиран од „Sky Sports“.

Вчера Кристијано Роналдо и официјално беше претставен како фудбалер на Ал-Наср. Тој потпиша договор со клуб од Саудиска Арабија на 2,5 години



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.