Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот одржа прес-конференција пред натпреварот против Саутемптон во недела на 24 ноември. Холандскиот стручњак, кој ужива во одличен старт на чело на „црвените“, го прокоментира и новиот договор на својот колега, Пеп Гвардиола.

-Тоа се добри вести за Сити и лигата бидејќи сите ги сакаат најдобрите тренери и играчи овде. Тој дефинитивно е еден од најдобрите, ако не и најдобар. Погледнете само што постигна во последните години, четири години по ред шампиони, така да можеме да кажеме дека е најдобар. Имаат толку многу квалитетни играчи, па ако Пеп донесеше одлука да си замине, тешко дека ќе го видиме тимот на дното следната сезона од најдобрите менаџери, изјави Слот.

Арне Слот и Пеп Гвардиола допрва треба да се сретнат во директен натпревар, а тоа ќе се случи многу брзо кога Манчестер Сити ќе гостува кај Ливерпул на 1 декември.

Инаку, двата тима ги заземаат првите места во Премиер лигата, а на врвот се пулените на Слот со 28 бодови, додека „граѓаните“ се втори со 5 бода помалку.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.