Фудбалерот на Милан, Рафаел Леао е достапен за трансфер за сума од 175 милиони евра, пренесува новинарот Себастиен Денис на социјалната мрежа Х.

Според Денис, ослободителната клаузула од договорот на Португалецот со миланезите е активна од 5 јули до 15 јули 2028 година.

Самиот Леао би сакал да настапува во Англија или Шпанија. Тој верува дека неговиот циклус во Милан е при крај.

Беше објавено дека ПСЖ го разгледува играчот како опција да го замени напаѓачот Килијан Мбапе, кој би можел да замине во Реал Мадрид.

Дваесет и четиригодишниот Леао игра за Милан од 2019 година. Сезонава одигра 27 натпревари за „Росонерите“, постигна шест гола и имаше седум асистенции.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на Леао на 90 милиони евра. Неговиот договор со Милан е до летото 2028 година



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.