Фудбалерите на ФКСБ, поранешна Стеауа, ја освоија шампионската титула во Романија, прва по пауза од девет години.
Избраниците на Џиџи Бекали го победија минатогодишниот шампион Фарул со 2:1 и се недостижни на врвот.
ФКСБ има 49 бода по 7. коло во плејоф фазата, а Фарул е втор со 35.
Давид Микулеску го отвори резултатот за домаќините пред паузата, а во 79. минута израмни Ривалдињо.
Малку подоцна Александру Балуца постигна гол и донесе шампионска победа за ФКСБ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.