Според шпанските медиуми, по средбата на „Сантијаго Бернабеу“, првиот човек на ПСЖ,  богатиот Насер Ел-Келаифи упаднал во судиската соблекувална и вербално го нападнал судијата Дани Макели. Келаифи беше бесен што Холанѓанецот, според него, не досуди прекршок врз голманот Донарума, по што Бензема му ја одзеде топката, а неколку секунди подоцна ја затресе мрежата на ПСЖ и навести голем пресврт.

Ел-Келаифи и Леонардо им се дереле на судиите и удирале по соблекувалната, а еден од вработените во Реал Мадрид се нашол во близина на инцидентот и се обидел да сними се преку телефон. Шпанските медиуми пренесуваат дека почнал да крши инвентар, а се било испратено од УЕФА која побарала снимки од Мадрид за да се утврдат сите случувања по натпреварот.

Ел-Келаифи полудел и го нападнал членот на Реал кој се обидел да го сними. . Викал „Ќе те убијам“, а телохранителите на милијардерот од Катар успеаја навреме да го спречат, додека Леонардо ги убедуваше вработените во Реал да избришат се што е снимено.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.