Пауло Фонсека призна дека Милан „играл безбедно и не ризикувал доволно“ во ремито без голови со Јувентус, но сепак инсистира дека може да ја освои титулата во Серија „А“.
-Природно е кога не победувате да има свирежи. Ако сум навивач, сфаќам дека не е добро да одам на стадион и да гледам таков „спектакл“. Целосно ги разбирам навивачите за тоа, изјави Фонсека за „ДАЗН“.
Порача дека покажале премногу почит кон Јувентус, но и „старата дама“ покажала премногу почит кон „росонерте“, што довело до натпревар со многу малку преземени ризици.
-Знаеме дека Јувентус брани одлично, па не е лесно да се создаваат шанси против нив. Можностите што ги имавме брзо да ги нападнеме, или не ризикувавме или донесовме погрешни одлуки, додаде Фонсека.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.