Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети е задоволен од изданието на неговите фудбалери во синоќешната победа над Ајнтрахт (3:0) во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Не беше лесно, но успеавме да постигнеме историска цел со клубот. На почетокот Ајнтрахт добро нападна. Немавме тимска игра бидејќи вршеа голем притисок. Во второто полувреме веќе делувавме како добро координиран механизам, изјави Спалети.
Италијанскиот тим победи и на првиот меч (2:0), па се пласираше во четвртфиналето.
Следниот противник на Наполи за кого настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, ќе биде познат по утрешната ждрепка
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.