„УЕФА ги награди Динамо и неговите хулигани за убиството на навивачот на АЕК. Тоа што го изрече и го нарекува казна, за нормални луѓе е се само не казна. Забрана за одење на гости една година и покана за едукација.

Оние кои беа уапсени во Атина нема да бидат видени дома или на гости подолг временски период. И, тогаш, секоја сериозна европска земја повеќе нема да сака да го прима овој одред на смртта што дивее низ европските метрополи веќе две децении“, анализира „Курир.рс“

Значи, тие 365 дена од забраната за гости се преведени како забрана за одење на три натпревари (а можеби уште еден или два доколку Динамо се пласира во следната рунда).

Одлуката да не се казни клубот може да се гледа од два агли. Тоа што се се случуваше надвор од стадионот го амнестира Динамо од одговорност, а од друга страна тоа што со години не прават ништо за своите дивјаци на трибините покажува дека тие се нивни соучесници во се.

Ако УЕФА навистина сакаше да ги казни хулиганите од Загреб, тоа ќе го направеше со минимална забрана за гостување од 10 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.