Наградниот фонд за Европското фудбалско првенство, кое од 14 јуни до 14 јули ќе се одржи во Германија, е непроменет во однос на претходниот континентален турнир. Според планот, УЕФА на репрезентациите учеснички ќе им распредели вкупно 331 милион евра.
Секоја репрезентација со самиот пласман на ЕУРО2024 ќе заработи по 9,25 милиони евра.
За победа во групната фаза на турнирот во Германија се доделуваат дополнителни еден милион евра, а за реми половина милион евра. Пласманот во осминафиналето ќе биде награден со дополнителни 1,5 милиони евра, четврт-финалето со 2,5, а полуфиналето со четири милиони евра.
Дополните пет милиони евра ќе инкасира поразениот финалист, а осум милиони евра ќе добие новиот европски првак.
Максималната сума што може да ја заработи европскиот шампион доколку ги оствари сите три победи во групата е 28,25 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.