Унгарската фудбалска федерација објави за состојбата на тренерот на репрезентацијата Адам Шалаи, кој загуби свест на натпреварот од 5. коло од групната фаза на Лигата на нации против Холандија.
На 36-годишниот специјалист му се слошило во првите минути од средбата. Натпреварот во Амстердам беше прекинат извесно време, но играта набрзо продолжи.
Состојбата на Адам Шалаи е стабилна и тој е свесен. Тој е во болница во Амстердам на прегледи, се вели во соопштението на федерацијата.
Натпреварот заврши со победа на Холандија со 4:0. з
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.