Францускиот репрезентативец и фудбалер на Јувентус, Пол Погба, и пријавил на француската полиција дека бил жртва на киднапирање и обид за изнуда, кои наводно ги организирале неговиот брат и пријател од детството.

Погба, како што објавија француските и англиските медиуми, им открил на истражителите дека бандата му се заканувала со пушки и барала од него 13 милиони евра за да не објават компромитирачко видео, како и надомест за „дискретна заштита“ во последните десет години.

Инцидентот се случил во март годинава во Париз, кога двајцата мажи под закана со пушки насилно го одвеле Погба во стан во париско предградие каде фудбалерот пораснал. На таа локација членовите на бандата го обвиниле Погба дека не им помогнал финансиски откако станал професионален фудбалер.

Париската полиција потврди дека почнала истрага за случајот.

Обвинувањата за киднапирање и изнуда уследија откако братот на Погба, Матијас, во саботата објави видео на интернет на четири јазици (француски, италијански, англиски и шпански), најавувајќи „големи откритија“ за ѕвездата на Јувентус



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.