Женската репрезентација на Македонија победи на гостувањето кај Молдавија со 2:4 и го забележа вториот триумф во квалификациите за ЕП 2025.
Нашите фудбалерки поведоа со автоголот на Бодичеану на самиот старт на натпреварот за да во периодот од 22 до 26 минута паднат по еден гол на двете страни и ние водиме со 2:1. Стрелец за нашата селекција беше капитенот Андонова која ја реализираше најстрогата казна.
Во 43 минута поведовме со 3:1 преку Андреевска со што стана јасно дека сме на добар пат за позитивен резултат.
Молдавките не се откажаа и се вратија во игра во 59 минута, меѓутоа во 75 Андонова со најдобриот потег на средбата, мајсторија од слободен удар одново не однесе на плус два и ја запечати победата.
На табелата Словенија е првопласирана со 12 бодови, пред Македонија која им седум, третопласирана е Летонија со три, а еден има Молдавија.
Следниот меч избраничките на селекторот Александар Андов ќе го имаат на домашен терен на 12 јули против летонската селекција
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.