Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума ќе го пропушти првиот натпревар на францускиот клуб оваа сезона во Лигата на шампиони (ЛШ) против Жирона поради повреда на мускулот. Згора на тоа, на популарниот Џиџи вчера му се роди дете.
Како што соопшти клубот од Париз, голманот Донарума го повредил мускулот на десната нога на првенствениот натпревар против Брест (3:1), во саботата вечер.
ПСЖ објави дека италијанскиот голман ќе биде надвор од терените една недела.
Во негово отсуство шанса би можел да добие 25-годишниот руски голман Матвеј Сафонов.
Новата сезона во ЛШ францускиот првак ќе ја почне в среда од 21 часот со дуелот на домашен терен против шпанска Жирона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.