Два автомобили со бугарски навивачи ја напуштиле безбедносната зона по која се движеле сите автомобили и влегле во Чаир каде биле нападнати од локалното население. Министерството за внатрешни работи ја потврдија информацијата објавена во бугарските медиуми дека еден од навивачите во автомобилите бил прободен со нож.

„На 27.07.2023 во 18.38 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ физички биле нападнати Д.А. (29), Д.Ј.(28), Ф.Д.(31) и М.С.(30), сите од Република Бугарија, при што бил употребен и остар предмет, со кој бил повреден Д.А.. Тој бил пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, но според пријавеното од болницата, лицето е во стабилна состојба. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, изјавуваат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.