Џамал Мусиала би можел да добие значително зголемување на платата во Баерн Минхен, објави денеска новинарот Флоријан Плетенберг.
Се очекува играчот од средниот ред да потпише нов договор со Баварците до летото 2029 година, а неговата плата по сезона би можела да достигне 25 милиони евра пред оданочување.
Се уште не е јасно дали ќе има посебен бонус за самото потпишување на договорот. Вкупно во текот на 4 сезони се очекува минхенскиот клуб да потроши околу 120 милиони евра за 21-годишниот Мусиала.
Германскиот интернационалец оваа сезона одигра 8 натпревари во Бундес лигата и постигна 5 голови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.