Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо го коментираше можниот трансфер на напаѓачот Алваро Мората во Милан.

Претходно беше објавено дека Милан ќе плати 13 милиони евра за 31-годишниот Шпанец и ќе потпише договор со него до крајот на јуни 2028 година.

– Мората заминува. Дали ќе оди во Милано? Се чини дека да. Оние кои сакаат да останат остануваат. Оние кои не сакаат, нека си одат. Ова нѐ загрижува бидејќи Алваро е фантастичен играч и одлична личност, изјави Серезо за „Calciomercato“.

Во сезоната 2023/24, Мората постигна 21 гол и пет асистенции во 48 настапи за Атлетико во сите натпреварувања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.