Македонскиот фудбалски репрезентативец и член на Абердин, Бојан Миовски има тешка повреда заработена синоќа на натпреварот со  Сент Мирен во 37.коло од првенството на Шкотска.

 

Се играше 31.минута кога врз Миовски грубо стартуваше Тјери Смол кој по прегледување на ВАР доби црвен картон.

 

Подетално за повредата на Миовски ќе се знае во текот на денот, но сигурно е дека за закрепнувањето на левиот скочен зглоб ќе треба подолго време.

Инаку, Абердин го доби натпреварот со 3:0 и се зацврсти на 3. место во поредокот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.